Достапни линкови

Пленковиќ - Хрватска ќе го воведе еврото за седум до осум години


Хрватска има за цел да стане членка на Еврозоната во следните седум до осум години, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој рече дека Хрватска има за цел да стане дел од Шенген просторот и да се приклучи кон Еврозоната. На денешната Конференција на Владата на Хрватска и Хрватската народна банка „Стратегија за воведување на еврото во Хрватска“, тој нагласи дека не сака да одреди точен датум, но сака Хрватска „да стане членка на Еврозоната во рок од два владини мандати“.

XS
SM
MD
LG