Достапни линкови

Тече рокот за приговори до ДИК за вториот круг од локалните избори


Архивска фотографија: Државната изборна комисија

Партиите имаат рок од 48 часа по завршување на гласањето од вчерашниот втор круг од локалните избори да поднесат приговори до Државната изборна комисија. Комисијата, пак е должна, во рок од 48 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не ги призна изборите, оценувајќи дека не биле слободни и фер.

Секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа од завршувањето на гласањето. ДИК има рок од 24 часа да одлучи по ваквите приговори.

Вчера до ДИК имаше поднесено четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

XS
SM
MD
LG