Достапни линкови

Доверливи аеродромски информации најдени на улица во Лондон


илустрација

Невработен човек пронашол на улица во Лондондигитален мемориски уред во кој имало 2,5 гигабајти доверливи безбедносни информации. Претставник на аеродромот Хитроу, според пишувањето на весникот „Сандеј Мирор“, потврдил дека УСБ стикот содржел безбедносни рути, распореди и идентификации, потребни за безбедносен пристап, како и друг вид чувствителен материјал. Весникот додава дека имало и податоци за патот и безбедносните мерки во случај кралицата Елизабета да го користи аеродромот Хитроу.

XS
SM
MD
LG