Достапни линкови

Стотици илјади луѓе во Барселона против независноста на Каталонија


Неколку стотици илјади луѓе протестираа во Барселона поради прогласувањето на независноста на Каталонија, 29.10.2017.

Неколку стотици илјади луѓе вчера протестираа во Барселона поради прогласувањето на независноста на Каталонија. Шпанскиот премиер Маријано Рахој ја смени каталонската сепаратистичка власт и распиша вонредни регионални избори откако парламентот на Каталонија во петокот прогласи независност на тој регион од Шпанија. На протестот во Барселона се вееја знамиња на Шпанија, Каталонија и ЕУ, а учесниците на демонстрациите изјавија дека го претставуваат мнозинството кое било игнорирано при донесувањето на одлуката за независност. Денеска е прв работен ден по смената на каталонската власт и не е познато како 200 илјади јавни службеници ќе реагираат на смената на нивните шефови.

XS
SM
MD
LG