Достапни линкови

СДСМ победи во 17, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во шест, Алијансата во три


Илустрација-гласање на локалните избори

Според првичните резултати што ги објави вечерва Државната изборна комисија, кандидатите на СДСМ во вториот круг од гласањето победија во 17 општини, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во шест, Алијансата за Албанците во три, Движењето БЕСА во една, ДПА во една и кандидат на Група избирачи во една општина. Останува целосно да бидат преброени гласовите во уште четири од вкупно 35 општини, во кои беше спроведен вториот круг од локалните избори.

СДСМ според првичните резултати победи во Кисела Вода, Гази Баба, Шуто Оризари, Виница, Градско, Демир Капија, Јегуновце, Карбинци, Македонска каменица, Македонски брод, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Могила, Новаци, Чешиново-Облешево, Пробиштип.

ДУИ победија во Чаир, Сарај, Дебар, Долнени, Липково и Теарце. ВМРО-ДПМНЕ според гласањето во вториот изборен круг ќе има градоначалници воКавадарци и Зрновци, Алијанса за Албанците во Гостивар, Боговиње и Врапчиште, Беса во Желино, ДПА во Студеничани, а во Брвеницапобеди Енвер Пајазити од Група избирачи.

Од четирите општини во кои се уште целосно не се преброени гласовите, во Штип води Благој Бочварски од СДСМ пред Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ, во Тетово води Тетута Арифи од ДУИ пред Биљал Касами од БЕСА, во Бутел Велимир Смилесвки од СДСМ пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, а во Струга Рамиз Мерко од ДУИ пред Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

XS
SM
MD
LG