Достапни линкови

Беса-тензична атмосфера на изборниот ден


Илустрација-гласање на локални избори

Изборната атмосфера главно беше тензична оценија по затворањето на избирачките места од движењето Беса. Од таму велат дека регистрирале многу неправилности кои ги пријавиле во домашните и меѓународните институции, а подготвиле и пријави до Државната изборна комисија.

Од движењето тврдат дека и во текот на вчерашниот ден, а и денеска на изборниот ден, имало несоодветни постапувања од полициската единица Алфи кон активисти на коалицијата Беса и Алијанса за Албанците. Потоа тврдат дека имало нудење на поткуп на нивен набљудувач за да се повлече од избирачкото место, претепување на активисти на нивната коалиција во Чаир, од како што тврдат лица со криминални досиеја од кои едното вработено во МВР, купување гласови и други нерегуларности.

За Беса сомнително е и снемувањето на струја во попладневните часови во планинските села на Тетово, во Студеничани и во Сарај.



XS
SM
MD
LG