Достапни линкови

ДИК-излезноста до 17 часот 43,83 отсто


Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска

Државната изборна комисија соопшти дека ,според 99,21 отсто од обработените податоци, излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто. Излезноста до 17 часот е најголема во општина Демир Капија, 76,59 отсто, а најмала во Шуто Оризари, 31,76 отсто.

Портпаролката комисијата Љупка Гугучевска на прес-конференција рече дека гласањето тече непрекинато освен на две избирачки места, во општините Бутел и Шуто Оризари каде што имало прекини поради технички дефект на УВ ламбите, но не подолги од половина час, поради што и таму гласањето ќе заврши во 19 часот.

До комисијата, информираше Гугучевска, биле доставени четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

XS
SM
MD
LG