Достапни линкови

Цивил се жали на притисоци врз своите набљудувачи


Три случаи на притисок врз мониторинг-тимовите на Цивил се забележани во општините Штип, Кавадарци и Сарај од почетокот на гласањето до 12 часот. Џабир Дерала на прес-конференција информира дека Цивил ги повлекол своите набљудувачи од село Ласкарци, општина Сарај, во кое и на првиот изборен круг се нотирани изборни нерегуларности.

„Изборниот молк се крши како воопшто да не постои забрана за партиска активност во текот на изборниот ден. Бараме од партиските структури и изборната администрација веднаш да престанат со опструкциите на набљудувачите на Цивил. Енергично ќе реагираме на секој обид да се изврши притисок врз нашите набљудувачи и решени сме да одиме до крај во законската битка со насилниците,” изјави Дерала.

Тој ги повика институциите, особено ДИК, да ја провери кондицијата на лицата ангажирани во своите тела, а МВР да ја засили својата контрола во овој дел од општина Сарај и да помогне изборниот процес да се одвива непречено. Воедно апелира до политичките партии веднаш да престанат, нагласи, со притисоци врз граѓаните и со кршење на изборниот молк.

XS
SM
MD
LG