Достапни линкови

Силно невреме во делови од Европа


Во силно невреме во централна Европа кадешто брзината на ветрот достигнува брзина од 160 километри на час, загинале двајца возачи во западна Полска. Во Чешка настрадале маж и жена врз кои паднало дрво. Властите во Полска и Чешка апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба бидејќи се очекува силно невреме вечерва. Во пристаништето Гдањск на Балтичкото море забранет е влезот во градските паркови, а во чешката престолнина Прага поради безбедноста на посетителите и животните, затворена е зоолошката градина. Полската противпожарна екипа, поради невремето, од утрово имала 1200 интервенции, а без струја останале повеќе од 100 000 луѓе. Железничкиот сообраќај во двете земји се одвива отежнато поради соборените дрва врз пругите, и поради благото покачување на водостојот на полските и чешките реки. Силното невреме зафатило и дел од Германија.

XS
SM
MD
LG