Достапни линкови

Турската полиција уапси 61 осомничен припадник на Исламска Држава


Турската полиција денеска соопшти дека во две одвоени акции уапсила 61 лице, осомничени за поврзаност со џихадистичката група Исламска држава. Како што јави Анадолија, поголемиот број од приведените во реонот на Бурса се државјани на Сирија. Турската полиција вчера во Анкара приведе 49 странски држајани, за кои постои сомнеж дека претходно како припадници на Исламска Држава учествувале во борбите во Сирија и Ирак, од каде по поразот на групата, илегално преминале во Турција. Во друга акција, спроведена вчера во Истанбул, беа уапсени четири осомничени припадници на ИД, за кои се претпоставува дека подготвувале терористички напад во трговски центар во истанбулската населба Бајрампаша.

XS
SM
MD
LG