Достапни линкови

Вучиќ: Ји ни пренесе тешки пораки, кои не се нови


Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји при неодамнешната посета на Белград ни пренесе пораки од Соединетите Држави кои се тешки за нас, но не ни се нови, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

“Хојт Ји е сериозен политичар, кој ги пренесе пораките кои се тешки за нас, но не ни се и нови. Тонот на средбата беше можеби малку повисок, па затоа и јас за една октава посилно ги бранев интересите на Србија,” изјави Вучиќ на прес-конференција по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Тој додаде дека неговиот Кабинет заедно со американската страна градел консензус околу соопштението за јавноста и дека првиот текст што српската страна го понудила бил „многу повеќе брутален и го поддржувал она што на состанокот навистина се случувало“.

Тој најави дела најави дека утре ќе соопшти детали од разговорот со Ји. Вучиќ оцени дека Србија тешко ќе може да смета на просперитет во иднина, доколку не гради добри односи со САД.

XS
SM
MD
LG