Достапни линкови

Турција го празнува Денот на Републиката


Турција денеска го празнува Денот на Републиката, со кој се одбележува прогласувањето на турска република на 29 октомври 1923 година. Својот 94-ти роденден Турција годинава го одбележува со 94 манифестации организирани на територијата на целата држава. Прославата официјално трае 35 часа, почнувајќи од вчера попладне, при што се одржуваат народни собири, маршеви и музички манифестации, а се полагаат и венци и цвеќиња на спомениците и мавзолејот на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк во главниот град Анкара. Републиканскиот систем во Турција е воведен на 23 април 1920 година, кога е формирано Големото национално собрание, кое ја одзема политичката власта на султанот, но Републиката официјално е прогласена од страна на Ататурк на денешен ден три години подоцна. По официјалното прогласување на Република Турција на 29 октомври 1923 година, Ататурк е избран за прв турски претседател.

XS
SM
MD
LG