Достапни линкови

Пронајден рускиот хеликоптер кој падна во море кај Арктикот


Норвешките служби за спасување соопштија дека рускиот хеликоптер кој исчезна во арктичкиот архипелаг Свалбард е пронајден на морското дно. Се претпоставува дека осуммината Руси кои биле во хеликоптерот се мртви. Хеликоптерот Ми-8 носеше пет членови на екипажот и тројца научници кога се урна пред три дена.

Хеликоптерот се спуштил на околу три километри од Баренцбург, руска рударска заедница во архипелагот. Во соопштението на норвешките спасувачки служби се вели дека остатоците од хеликоптерот се најдени североисточно од Херодеден, на длабочина од 209 метри. Пребарувањето сега е завршено и е во фаза на потрага по членовите на екипажот за кој се претпоставува дека се мртви. Ниту еден од осумте Руси на хеликоптер не е пронајден.

XS
SM
MD
LG