Достапни линкови

Противниците на независноста на Каталонија протестираат во Барселона


Стотици демонстранти се собраа во Барселона за да бидат дел од она што се очекува да биде масовна демонстрација во корист на единството на Шпанија. Денешниот митинг доаѓа два дена откако централната влада во Мадрид и ја одзеде автономијата на Каталонија, по одлуката на регионалниот парламент да прогласи независност. Под слоганот „Каталонија сме сите ние“, демонстрантите за единство ќе маршираат низ центарот на градот. Според организаторите, цел на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се отфрли „нападот без преседан во историјата на демократијата“.

Пред два дена Kаталонскиот парламент гласаше во корист на отцепување на Каталонија од Шпанија. Веднаш по гласањето, сенатот на Шпанија гласаше во корист на дозволување на Мадрид да преземе директна контрола над Каталонија, го разреши претседателот на регионот, Карлос Пучдемонт, и да ги отстрани останатите негови извршни директори. Шпанскиот премиер Маријано Рахој тогаш објави дека неговата влада презеде директна контрола над Каталонија, ја распушти својата влада и распиша нови регионални избори за 21 декември.

Шпанија ја доживува својата најдлабока криза во последниве децении откако Каталонците го одржаа нелегалниот референдум за независност на 1-ви октомври. Каталонските власти изјавија дека околу 90 отсто од оние што гласале на референдумот избрале независност. Меѓутоа, анкетите покажаа дека малцинството од 40 проценти се залагаше за поделба, а многумина наспроти независност го бојкотираа референдумот.

Во меѓувреме, Пучдемон побара демократска опозиција и вети дека ќе продолжи да работи на градењето на слободна земја. Во вчерашното обраќање пред јавноста, Пучдемон рече дека само регионалниот парламент може да ја избере или разреши каталонската влада.

XS
SM
MD
LG