Достапни линкови

Заврши опсадата во хотел во Могадишу, најмалку 25 мртви


Полицијата во Могадишу соопшти дека 10-часовната опсада на хотелот завршила откако еден од петте екстремисти се разнел по нападот во кој претходно беа убиени најмалку 25 лица во главниот град на Сомалија. Полицискиот службеник Мохамед Дахир изјави дека експлозијата, активирана од милитант рано утрово, предизвикала жртви меѓу безбедносните сили на местото на настанот. Исламската група Ал-Шабаб поврзана со Ал Kаеда ја презеде одговорноста за нападот во хотел Насахаблог 2, кој е популарен кај владините претставници.

Непотврдените извештаи на локалните медиуми укажаа дека некои од петте напаѓачи биле фатени живи, додека други биле застрелани од страна на безбедносните офицери или убиени во експлозиите. Инцидентот започна доцна синоќа, кога еден човек во камион активираше експлозив пред портата на хотелот, при што загинаа најмалку 25 лица, а беа повредени повеќе од 30 лица. По првичната експлозија, се слушнале уште две експлозии, кога еден напаѓач активирал самоубиствен елек. Другите екстремисти потоа го нападнале хотелот и разменувале оган со безбедносните сили, со десетици луѓе, меѓу кои и владини претставници, заглавени во зградата. Полицискиот капетан Мохамед Хусеин изјави дека безбедносните сили спасиле 30 лица од хотелот за време на инцидентите.

XS
SM
MD
LG