Достапни линкови

Нобеловата за мир за Јапонка која ја преживеала Хирошима


Годинешната награда за мир, во име на добитникот на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје во декември ќе ја прими јапонката Сечуко Тарлоу која го преживеа американскиот нуклеарен напад на Хирошима на 6 август 1945 година. Јапонката која во меѓувреме отиде во Канада и доби државјанство од таа земја, ќе замине во декември во Осло за да ја прими наградата. Тарлоу има 85 години, а имала 13 кога Американците фрлија атомска бомба на Хирошима. Таа се наоѓала на километар и половина од падот на бомбата и била заробена со уште десетина луѓе под рушевините пред да ја најдат спасувачите. Јапонката вели дека без проблем раскажува за ова свое искуство на оние кои сакаат да слушаат, држи предавања по училиштата, во надеж дека ќе го сврти вниманието од ужасите од нуклеарната војна и на тој начин ќе го спречи ширењето на оружјето за масовно уништување.

XS
SM
MD
LG