Достапни линкови

Киднапиран висок авганистански функционер


Пакистанската полиција соопшти дека висок авганистански функционер во северозападниот град Пешавар е киднапиран од група напаѓачи. Полицијата соопшти дека Мухамед Наби Ахмади, заменик-гувернер на авганистанската источна провинција Кунар, бил киднапиран синоќа додека престојувал во населбата Дабгари во Пешавар. Според полициски извори вооружените лица го принудиле да влезе во возило по што автомобилот заминал во непознат правец. Абдул Гани Мусамем, портпарол на гувернерот на Кунар, потврди дека Ахмади исчезнал во Пешавар и додал дека бил на одмор за лекување. Ниту една група засега не ја презеде одговорноста.

Градот Пешавар, во близина на границата со Авганистан, одамна претставува центар за милитантна активност и транспортен центар за шверцери со дрога. Се очекува инцидентот да ги заостри односите меѓу Исламабад и Кабул. Авганистан веќе долго време го обвинува Пакистан за засолнување на авганистанските талибански лидери, обвинение што пак го негира Исламабад.

XS
SM
MD
LG