Достапни линкови

ДИК: Сите избирачки места отворени навреме


Сите избирачки места на кои се одржува втор круг од Локалните избори 2017 година утрово се отворени навреме во седум часот, информираат од Државната изборна комисијата. Според ДИК гласањето се одвива непречено и дека нема информации од општинските изборни комии и избирачки одбори за некакви проблеми при гласањето.Во Македонија денеска се одржува вториот круг од шестите локални избори по независноста на земјата. Граѓаните избираат градоначалници во 35 општини, на 1.517 избирачки места, каде право на глас имаат 833.710 граѓани. Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.

XS
SM
MD
LG