Достапни линкови

Либан бара економска помош од Кипар


Либанскиот премиер Саад Харири изјави дека Кипар може да и помогне на неговата држава да добие економска поддршка од други европски држави за да ги издржи напорите за справување со околу 1,5 милиони сириски бегалци. По преговорите со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, либанскиот премиер истакна дека Бејрут има потреба од меѓународна помош за стимулирање на економијата и создавање работни места. Анастасијадис рече дека Кипар ќе испрати нов пакет воена помош за либанската армија. Во следната недела претстои потпишување билатерален договор за размена на разузнавачки информации.Во војната во Сирија загинаа најмалку 400.000 луѓе. Над 11 милиони се принудени да ги напуштат домовите.

XS
SM
MD
LG