Достапни линкови

Времето денеска сончевo и студено


Времето денеска ќе биде претежно сончево, со утринска температура од -3 до 6, а дневна од 12 до 20 степени. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Во Скопје претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има повремени слаби врнежи од дожд и ќе почне да дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од два до 18 степени.

XS
SM
MD
LG