Достапни линкови

Во Косово уапсен турски државјанин со меѓународна потерница


Во Призрен е уапсен турски државјанин, член на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, по кого е издадена меѓународна потерница. Според одлуката на обвинителството, на осомничениот му е одредена мерка притвор. Станува збор за Угур Токсој, припадник на доброволците на Движењето на ѓуленистите во Косово. Тој работел во фондацијата „Атмосфера“, која се занимава со образовна дејност во Косово од 2004 година. Токсој е уапсен под обвинение дека учествувал во обидот за пуч во јули минатата година во Турција. Тој денеска е сослушан од косовскиот суд, а во него имал потребни документи и дозвола за престој.

XS
SM
MD
LG