Достапни линкови

Градоначалникот на Анкара поднесе оставка


Градоначалникот на главниот турски град Анкара, Мелих Ѓокчек по 23 години на власт денеска поднесе оставка. На вонредната седница на Советот на Анкара, тој истакна дека оставката ја поднесува на барање на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и дека со чист образ и без никаква причинета штета на општината ја напушта оваа функција. За време на прошталниот говор, Ѓокчек го опишуваше своето 23-годишно владеење, потенцирајќи дека Анкара е „најуспешната општина во светот“. Тој на градоначалничката функција стапи во 1994 година, како кандидат на Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган. Оставките на градоначалниците во Турција се дел од реформите кои ги спроведува владејачката АКП пред одржувањето на претседателските избори во 2019 година. Оставки досега поднесоа градоначалниците на Истанбул, Дузџе, Ниде, Бурса, Алтепе и Анкара. Следен кој ќе замине од функцијата в понеделник е градоначалникот на општината Балкесир, Ахмет Едип Угур.

XS
SM
MD
LG