Достапни линкови

Вториот круг МОСТ ќе го следи со над 1.000 набљудувачи


Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи вториот круг од локалните избори со повеќе од 1.000 набљудувачи. На гласачките места ќе бидат распоредени 910 набљудувачи кои ќе покријат околу 50 проценти местата во рамките на секоја од општините во кои ќе се гласа во недела. Нивните набљудувачи ќе бидат статични, и во текот на целиот ден ќе го следат процесот на гласање на гласачките места. Покрај тоа, МОСТ ќе има и 45 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат оние места на кои МОСТ нема да распореди статични набљудувачи.Покрај утрешното гласање, МОСТ денеска го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

Од невладината ЦИВИЛ пак нотирале засилена активност на партиски активисти во општините каде што се гласа во вториот круг на локалните избори, вклучувајќи го и денот на предизборниот молк. Апелираат сите учесници во вториот изборен круг, да придонесат за мирен, слободен и демократски изборен ден.

XS
SM
MD
LG