Достапни линкови

Војник на НАТО загина во хеликоптерска несреќа


Мисијата на НАТО во Авганистан соопшти дека еден член на американската служба починал од повреди во хеликоптерската несреќа во источната провинција Логар во Авганистан.Организацијата соопшти дека шест други американски членови на екипажот биле повредени вонесреќата која се случи синоќа и сите добиваат медицински третман. НАТО информира дека несреќата "не била резултат на непријателска акција". Во соопштението се додава дека НАТО ја презема одговорноста за целиот персонал, а местото на несреќата е обезбедено. Салим Салех, портпарол на провинцискиот гувернер, изјави дека хеликоптеротпринудно слетал и погодил дрво во областа Харвар.

XS
SM
MD
LG