Достапни линкови

Во напад на Талибанците убиени девет авганистански полицајци


Најмалку девет полицајци загинале, а шест се повредени во одвоени напади на Талибанците на полициските пунктови во провинцијата Газни, на истокот на Авганистан, соопшти полицијата. Рано утринава Талибанците нападнале два полициски пункта, а во борбата со полицијата загинале шест бунтовници. Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците. Нивниот портпарол Забијулах Мудџахид изјави дека во нападите се убиени 14 полицајци меѓу кои и командантите на двата полициски пунктови. Авганистанските безбедносни сили се борат со Талибанците од 2014 година, кога САД и НАТО формално ја завршија својата мисија.

XS
SM
MD
LG