Достапни линкови

Сомневања за убиство на поп ѕвездата Бакев


Водечката руска група за човекови права Меморијалсе сомнева дека познатиотгеј поп пејач Зелимхан Бакаев која исчезна по враќањето дома во Чеченија е убиен поради острите мерки против хомосексуалците. Ова следува поради загриженоста за судбината на Зелимхан Бакаев, чие семејство вели дека последен пат е виден на 8 август во главниот град на Чеченија, Грозни, каде што отпатувал за да присуствува на венчавката на неговата сестра.

"Кога едно лице исчезнува и полициските сили одбиваат да го испитаат неговото исчезнување, имаме сериозни стравови за животот на таа личност", изјави Олег Орлов од Меморијалот, најстарата група за граѓански права на Русија.

Орлов изјави дека мајката на Бакаев ги повикала чеченските власти да започнат истрага за исчезнувањето на нејзиниот син, но не е отворена истрага. Неговите забелешки следуваат по извештаите на групите за застапување на ЛГБТ заедницата, повикувајќи се на неидентификувани извори, според кои 26-годишниот Бакаев бил убиен кратко време откако пристигнал во Грозни. Веб-страницата newnownext.com цитираше анонимен чеченски геј активист кој рече дека Бакаев бил уапсен и мачен до смрт по неговото доаѓање. Сепак, тој не обезбеди детални докази.

XS
SM
MD
LG