Достапни линкови

Турција приведе 49 лица осомничени за поврзаност со ИД


Турската полиција приведе 49 странски државјани во главниот град Анкара за наводни врски со џихадистичката група Исламска држава. Пред два дена полицијата соопшти дека поради слични причини уапсила 62 лица во Истанбул, меѓу кои има 58 странци. И во двата случаја не се открива идентитетот на приведените. Според Управата за борба против тероризмот, некои од уапсените планирале да извршат напад во Анкара за време на утрешното одбележување на Денот на Републиката. ИД е обвинета за серија напади во Рурција во 2015 и 2016 година, во кои загинаа стотици луѓе.

XS
SM
MD
LG