Достапни линкови

Премиерот Рахој го распушта каталонскиот парламент


Шпанскиот премиер Маријано Рахој

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека неговата влада започна со процесот на преземање директна контрола врз бунтовничкиот регион Каталонија, прогласувајќи го гласањетоа за независност "неважечко", и најави формално распуштање на каталонскиот парламент.

Рахој, кој зборуваше на телевизија во живо по итниот состанок на Советот на министри , рече дека на 21 декември ќе се одржат нови избори во Каталонија, додавајќи дека тоа е потег за "враќање на легитимноста" на каталонската регионална влада.

Рахој рече дека декларацијата за независност на Каталонија претставува "киднапирање" и обид да се "украде" дел од територијата што припаѓа на "остатокот од Шпанија", нарекувајќи го "тажен ден" означен со "недостаток на разумот".

Рахој ова го изјави неколку часа откако регионалниот парламент на Каталонија прогласи независност, што ги поттикна централните власти во Мадрид да започнат со чекори кон наметнување директна контрола врз автономниот регион.

Шпанскиот Сенат гласаше со 214 гласа за и 47 против за да му дозволи на Мадрид да ја преземе контролата врз Каталонија, да го распушти Карлес Пучдемон како регионален претседател и да ги отстрани останатите негови извршни директори.

До тоа дојде кратко време откако парламентот на Каталонија гласаше со 70 гласа за и 10 против во корист на одвојување од Шпанија. Пратениците од трите главни опозициски партии кои го поддржуваат преостанатиот дел од Шпанија го бојкотираа гласањето.

XS
SM
MD
LG