Достапни линкови

Ахмети: Нема да има предвремени парламентарни избори


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешна средба со новинарите најави дека ќе има одредени поместувања во пратеничките состави во парламентот по локалните избори, без да прецизира дали тоа значи дека нивната пратеничка група ќе се зголеми. Тој исто така го критикуваше коалицирањето на останатите албански партии пред вториот круг локални избори.

"Многу сум разочаран поради погрешната страна што ја превезема Зијадин Села и би сакал тој да има поконструктивен пристап во правец на процесите. Села не е подготвен за големи процеси" – изјави Ахмети. Тој доплни дека особено е вознемирен од вчерашната изјава на Села дека Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ се организатори на неговото физичко елиминирање за потоа политички да го елиминираат.

Во однос на можноста за одржување на предвремени парламентарни избори кој, како што рече, уверува дека нема да има предвремени парламентарни избори.

"Имаме одржлива коалиција. Програмата е многу добра и очекуваме да се реализира, очекуваме имплементација на реформите, како што се реформите во судството. Имаме огромна поддршка во нашата земја да владее правото. Ако тука бидеме успешни и продолжиме да работиме во правец на владеење на правото и на правната држава мислам дека навистина би можеле да очекуваме видлив напредок", рече Ахмети.

XS
SM
MD
LG