Достапни линкови

Шпанија воведува контрола над Каталонија по гласањето за независност


Шпанскиот премиер Маријано Рахој со новинарите по пленарната седница во Сенатот на горниот дом во Мадрид

Шпанскиот Сенат ја овласти централната влада во Мадрид да преземе директна контрола над Каталонија веднаш откако пратениците на автономниот регион прогласија независност Шпанскиот Сенат денеска со 214 гласа за и 47 против гласаше во корист на дозволувањето на Мадрид да ја преземе контролата врз Каталонија, да го распушти Карлес Пуичдемон како регионален претседател и да ги отстрани останатите негови извршни директори. Премиерот Маријано Рахој закажа состанок на кризниот кабинет во 18 часот, а Каталонскиот Национален совет, ги повика Каталонците да ги отфрлат наредбите од Мадрид и да се вклучат во "мирен отпор". Потегот на Сенатот дојде по кусо време откако парламентот на Каталонија со 70 гласови за и 10 против гласаше за одвојување од Шпанија. Пратениците на опозицијата го бојкотираа гласањето. Во каталонските движења се бара да започне процес на независност, кој вклучува изготвување на нови закони за регионот и отворање на преговори "на рамноправна основа" со Мадрид за воспоставување на соработка. Каталонија на 1 октомври одржа референдумот за независност кој Мадрид го нарече нелегален и на кој ѝ се спротивстави и Европската унија. Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Каталонија е составен дел на Шпанија и дека Вашингтон ги поддржува мерките на шпанската влада за обединување на Шпанија. Претседателот на ЕУ, Доналд Туск, напиша на Твитер по декларацијата на Каталонија дека за блокот "ништо не се менува.

XS
SM
MD
LG