Достапни линкови

Парламентот на Каталонија прогласи независност


На гласањето за незвисноста на Каталонија во регионалниот Парламент, 70 партеници гласаа во корист на формирање независна Каталонска република, а пратениците одлуката ја поздравија со аплаузи.

На гласањето имаше 10 гласа против и 2 празни гласачки ливчиња. Гласањето се одржа по кратко време откако повеќето опозициски пратеници го напуштија Парламентот во знак на протест.

Во иницијативата се бара да започне процес на независност, кој вклучува изготвување на нови клучни закони за Каталонија и отворање на преговори "на рамноправна основа" со шпанските власти за воспоставување на соработка.

Шпанија се противи на намерите за независност на каталонија, а националната влада подготвува мерки за преземање контрола врз североисточниот регион.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој повика на смиреност и рече дека владеењето на правото ќе биде обновено во Каталонија.

Ниту една земја досега не изрази поддршка за отцепување на Каталонија.



XS
SM
MD
LG