Достапни линкови

Бомбашки напад врз воз во Пакистан, најмалку шестмина повредени


Архивска фотографија: Пакистански војници во Лахоре

Најмалку шест лица се повредени кога бомба експлодира покрај пругата во провинцијата Балучистан во југозападен Пакистан, по што беше запрен железничкиот сообраќај во регионот, информираат тамошните власти.

Возот патувал од главниот град на Балучистан, Куета, кон Лахоре. Експлозијата оштетила еден од вагоните.

Во областа оперираат талибанците, сунитските милиции и организации поврзани со Ал Каеда и со Исламската држава.

XS
SM
MD
LG