Достапни линкови

Борисов - Балканските земји да ги решат меѓусебните спорови пред зачленување во ЕУ


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Политичките елити на земјите од Западен Балкан треба претходно да ги решат споровите со другите држави од регионот за да бидат примени во ЕУ, истакна денеска во Сараево бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Треба да и покажеме на Европа дека гледаме во иднината, дека сме паметни и работливи, затоа што ЕУ исто така има проблеми“, потенцира Борисов.

Борисов потенцираше дека земјите од регионот имаат вистинска шанса за членство, затоа што по Бугарија, со Унијата ќе претседаваат Австрија, па Романија, држави кои можат да влијаат на процесот на евроинтеграции.

XS
SM
MD
LG