Достапни линкови

Од мисија во Авганистан вратен војникот кој учествуваше во насилствата од 27 април


Демонстрантите од иницијативата „ За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието на 27 април 2017

Војникот кој беше инволвиран во настаните на 27 април во Собранието, а кој набргу потоа замина на мисија во Авганистан од минатиот петок е вратен во Македонија и испратен на разговор кај обвинител.

Како што дознава МИА од Министерството за одбрана, за војникот кој претходно бил лоциран од полицијата како учесник во настаните на 27 април, постапката за негово враќање во Македонија почнала веднаш откако се дознало дека тој е упатен во мисијата.

Од Министерството посочуваат дека за вратениот војник веќе е отворена дисциплинска постапка, како што се почнати постапки и за други офицери и војници на АРМ, кои учествуваа во насилствата во Собранието.

XS
SM
MD
LG