Достапни линкови

Павлопулос - Македонија била, е и ќе остане грчка


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во неговиот говор во Офицерскиот клуб во Солун повторно ја обвини Македонија за фалсификување на историјата, за користење име кое наводно не ѝ припаѓа и за изразување иредентистички тензии.

Павлопулос учествуваше на двете прослави во Солун, едната за чествување на заштитникот на градот Св. Димитрија, а другата за одбележување на годишнината од ослободувањето.

„И велиме на БЈРМ, подаваме рака на пријателство, но нема шанси да толерираме, тоа е јасно, и ние јасно го имаме ставено до знаење. Не е само фалсификувањето на историјата, затоа што Македонија беше, е и ќе остане грчка. Тоа го знаеме сите. Не само што не прифаќаме фалсификување на историјата, не прифаќаме иредентистички тензии кои повторно би го направиле Балканот буре барут во Европа“, рече Павлопулос.

XS
SM
MD
LG