Достапни линкови

Матис – Северна Кореја е закана за светскиот поредок


Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и јужнокорејскиот министер за одбрана Сонг Јанг-Му се среќаваат во селото Панмунџом во демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис денеска ја обвини Северна Кореја дека го засилува нуклеарниот арсенал за „да им се заканува на другите со катастрофа“, додавајќи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму е посветена на убедувањето на Пјонгјанг да прифати целосно нуклеарно разоружување.

Зборувајќи во демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја, Матис оцени дека Пјонгјанг е закана за светскиот поредок и изрази солидарност со Сеул.

Матис рано утринава пристигна во Јужна Кореја, каде што треба да разговара за нуклеарната програма на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG