Достапни линкови

Твитер ги блокираше рекламите на „Раша Тудеј“ и „Спутник“


Илустрација - Мобилна апликација на Твитер

Твитер ги забрани рекламите од профилите на руските државни медиуми, „Раша Тудеј“ и „Спутник“, по тврдењата на американските разузнувачки агенции дека медиумите се обиделе да влијаат на претседателските избори. Денеска компанијата објави соопштение во кое стои дека не сакаат на нивната платформа мешање во изборите.

„Оваа одлука не ја донесовме лесно и е во насока на нашата заложба да го заштитиме интегритетот на корисниците на Твитер“, се наведува во соопштението на социјалната мрежа.

Минатиот месец, Твитер информираше дека суспендирала 200 профили поврзани со Русија во рамки на истрагата за обидите за пропаганда при минатогодишните избори во САД.

„Раша Тудеј“ преку соопштение тврди дека никогаш не била вклучена во нелегални онлајн активности и „никогаш не се обидела да влијае на американските избори преку некаква платформа, вклучувајќи го и Твитер“.

XS
SM
MD
LG