Достапни линкови

Тилерсон - Се ближи крајот на владеењето на Асад


Швајцарија - Рекс Тилерсон и Стафан де Мистура пред разговорите, 26.10.2017

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД не гледа иднина за претседателот на Сирија, Башар ал-Асад во следните сириски власти.

„Се ближи крајот на владеењето на Асад“, изјави денеска Тилерсон по состанокот во Женева со сирискиот претставник во Обединетите Нации, Стафан де Мистура.

„САД сака да види целосна и здружена Сирија, без Башар Асад во владејачката гарнитура. Единствениот проблем е како тоа да се изведе“, рече Тилерсон.

По состанокот, де Мистура соопшти дека планира новите разговори за мир во Сирија да се одржат на 28 ноември во Женева. Претходните, кои се фокусираа на политичко решение, завршија со минимален успех, а заглавија кај иднината на владеење на Асад.

XS
SM
MD
LG