Достапни линкови

Папата разговараше со екипажот на Меѓународната вселенска станица


Архивска фотографија-папата Франциск

Папата Франциск денеска телефонски разговарал со посадата на Меѓународната вселенска станица, за како што се јавува, местото на човекот во универзумот. 20 минутниот разговор со вселенската станица е втор на папа. Папата Бенедикт 16 разговараше со меѓународниот центар во 2011 година. Разговорот го водел италијанскиот астронаут Паоло Несполи, кој со папата зборувал на италијански јазик, а потоа им преведувал на другите членови од екипажот.
Во посадата биле и двајца руски космонаути и тројца американски астронаути. Како одговор на прашањето на папата кое е местото на човекот во универзумот Американецот Ванде Хеј одговорил дека набљудувањето на планетата од вселената придонело да разбере колку кршливи се луѓето.

XS
SM
MD
LG