Достапни линкови

Одбележување на 15 годишнината од заложничката криза во театарот Дубровка


Москва - Руси ја одбележуваат годишнината од заложничката криза во театарот Дубровка, 26.10.2017

Околу 200 луѓе се собраа денеска околу театарот Дубровка во Москва во сеќавање на жртвите кои загинаа во заложничка криза пред 15 години на 26 октомври.

На 23 октомври 2002 година околу 40 вооружени лица влегоа во театарот за време на претстава. Повеќе од 700 лица од публиката, актери и вработени беа држени во заложништво, а вооружените лица бараа повлекување на федералната војска од рускиот чеченски регион. Руските власти, по завршувањето на кризата што траеше 57 часа, информираа дека загинале 130 заложници и дека сите напаѓачи биле убиени.

Поголемиот дел од жртвите починаа од токсичен гас што го фрлија руските власти во театарот пред специјалните единици да влезат во зградата. Невладина организација која ги застапува жртвите и нивните блиски вели дека загинале 174 лица. Руската власт одби да открие кој гас бил употребен во операцијата.

XS
SM
MD
LG