Достапни линкови

Бомбашки напад во Киев, Иванов во Брисел, Саудискиот принц ќе гради град од 500 милијарди долари...

Настаните на денот низ фотографии - 26 октомври 2017
Покажи повеќе

БЕЛГИЈА - Македонскиот претседател Ѓорге Иванов е во дводневна посета на Брисел. На отворањето на форумот Кран монтана тој им се обрати на лидерите на ЕУ: Занимавајќи се сама со себе, Унијата го забави проширувањето и го запостави истокот и југоистокот на континентот.
1

РУСИЈА - Неколку стотини московјани се собраа кај театарот Дубровка во Москва во знак на сеќавање на ѝртвите од заложничката криза пред 15 години, на 26 октомври. По полициската акција и по завршувањето на заложничката драма која траеше цели 57 часа, руските власти соопштија дека биле ликвидирани сите напаѓачи и дека загинале и 130, од вкупно 700 заложници.
2

РУСИЈА - Ханс Јорг Милер, член на АФД, германската партија од екстремната десница, гестикулира на прес конференција во Москва, каде говореше за руско-германските односи, но и за влијанието на Германија во заострувањето на политиката и на санкциите на Европа кон Русија.
3

СРБИЈА - Српски пензионери протестираа против најновите мерки за штедење што ги предлага Владата на Србија. Пензионерите маршираа по улиците на Белград и им се придружија на неколкуте илјади демонстранти против најновата рестриктивна политика на кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ.
4

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG