Достапни линкови

Фундаменталните разлики остануваат и по состанокот НАТО-Русија


Брисел - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг зборува по средбата со рускиот претставник Александар Грушко, 26.10.2017

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата и Русија „продолжуваат да имаат фундаментални разлики“, особено во однос на конфликтот во источна Украина. Тој ова го изјави денеска по средбата на амбасадорите на НАТО со рускиот пратеник во Алијансата Александар Грушко во Брисел.

Шефот на НАТО го опиша состанокот како „искрена и отворена дискусија“ за Украина, Авганистан, транспарентноста и за намалување на ризиците.

Односите на Западот со Русија сериозно се влошија по руската анексија на Крим од Украина во 2014 година, како и поради руското мешање во конфликтот во источниот дел од земјата. Во изминатите месеци исто така имаше потенцијално опасни блиски средби меѓу воени бродови и авиони на Русија и на НАТО.

XS
SM
MD
LG