Достапни линкови

Демократската опозиција во Венецуела - добитник на Наградата Сахаров


Народното собрание на Венецуела во кое опозицијата има мнозинство

Демократската опозиција во Венецуела е годинашниот добитник на Наградата Сахаров за слобода на мислата на Европскиот парламент. Наградата ќе му биде доделена на Народното собрание на Венецуела во кои мнозинство има опозицијата, како и на сите политички затвореници во Јужна Америка.

Венецуела со месеци е во политичка криза. Во март, Врховниот суд му ја одзеде законодавната моќ на Народното собрание, по што беше формирано друго, за да го измени Уставот на земјата.

„Од почетокот на годинава повеќе од 130 луѓе беа убиени на уличните протести, најголемиот дел од нив на антивладини демонстрации, а повеќе од 500 луѓе се арбитрарно затворени“, наведува Европскиот парламент.

Наградата Сахаров е воведена во 1988 година од Европскиот парламент и им се доделува на поединци и организации кои ги бранат човековите права и основните слободи. Наградата во висина од 50 илјади евра е именувана по советскиот физичар и дисидент Андреј Сахаров.

Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи на 13 декември во Стразбур.

XS
SM
MD
LG