Достапни линкови

Иванов - ЕУ да предложи датум за почеток на преговорите за членство


Претседателот Ѓорге Иванов на Кран Монтана Форум во Брисел

Очекувам Европската унија да покаже одлучност и на Македонија да ѝ даде датум за почеток на преговорите за членство, порача претседателот, Ѓорге Иванов, во неговото обраќање на официјалната сесија на отворањето на Форумот Кран Монтана, што започна денеска во Брисел.

„Унијата треба да разбере дека процесот на проширување не е чисто техничко, туку пред сè политичко и стратегиско прашање“, рече претседателот Иванов.

Според него, одложувањето на проширувањето на Унијата дополнително ги усложни состојбите, а статус кво состојбата во интеграциите, во комбинација со економската криза и безбедносните предизвици ги направија Балканот и Македонија уште поранливи на надворешните фактори на дестабилизација.

Во рамки на неговата дводневна работна посета на европската престолнина, претседателот Иванов вчера се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, а за денеска попладне е предвидена и средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Белгија, Дидие Реиндерс.

XS
SM
MD
LG