Достапни линкови

Мицотакис - Ципрас во САД не обезбеди подобрување на грчките позиции


Претседателот на грчката Нова демократија, Кирјакос Мицотакис

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, освен неколку убави фотографии, од САД не донесе никакво зацврстување на геостратешката улога и позиција на Грција, изјави претседателот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис говорејќи пред пратеничката група на неговата партија.

Осврнувајќи се на неодамнешното патување на грчкиот премиер во САД и средбите во Вашингтон и Чикаго, Мицотакис упати остри критики на сметка на Ципрас и во однос на внатрешната и надворешната политика.

Лидерот на Нова демократија, кусо пред средбата на Ципрас со американскиот претседател Доналд Трамп, побара премиерот од Вашингтон да добие конкретни заложби за грчките национални прашања, како што се односите со Турција, кипарскиот проблем и спорот околу името со Македонија.

XS
SM
MD
LG