Достапни линкови

Спасовски - МВР има информации за помагачите на Грујевски и Бошкоски


Горан Грујевски и Никола Бошкоски, под придружба на грчки полицаец, го напуштаат судот во Солун на 19 октомври 2017

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека имаат многу податоци за луѓето коишто им помогнале во бегството и криењето на поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, но оти информациите не се за споделување со јавноста. Спасовски ова го кажа за време на меѓународната конференција „Приватна јавна безбедност – соработка и партнерство“ на Факултетот за безбедност во Скопје.

Грујевски и Бошкоски беа уапсени во Солун со лажни бугарски пасоши, откако во Скопје им беше определен притвор. Тие се обвинети за аферата со нелегално прислушување. Постапката за екстрадиција за води Министерството за правда.

Прашан дали постои можност уапсените да се „пазарат“ со грчките служби во однос на споделување на информации за она што го работеле во изминатите години во УБК, Спасовски рече дека нема ниедна информација што досега не е поделена со јавноста со оглед на тоа што јавноста преку т.н. бомби имаше можност да ги слушне разговорите за нивната работа.

XS
SM
MD
LG