Достапни линкови

Пожар во фабрика за петарди во Индонезија, најмалку 46 загинати


Eксплозија и пожар во фабрика за пиротехника западно од главниот град на Индонезија, Џакарта

Најмалку 46 луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во експлозија која предизвика пожар утринава во фабрика за пиротехника западно од главниот град на Индонезија, Џакарта.

Пожарот е ставен под контрола, а спасувачите се во потрага по телата на загинатите. Досега се најдените останките на 46 жртви.

Надлежните велат дека бројот на жртви може да расте, со оглед на тоа што дел од повредените се во многу сериозна состојба.

Поради пожарот, се урнал и дел од фабриката.

Во фабриката во моментот на несреќата имало 103 работници, а 43 од нив се повредени и се пренесени на болничко лекување.

XS
SM
MD
LG