Достапни линкови

НАТО е против одлуката Турција да купи руски ракетни системи С-400


Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Петар Павел

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Петар Павел изјави дека Алијансата е против одлуката на Турција за купување на руски ракетни системи С-400, главно поради, како што оценува тој, безбедносни причини, а не поради техничката неспоивост на воената опрема на Русија и Западот.

„Потенцијалното снабдување со системи С-400 има одредени последици. Станува збор за систем, кој не може делумно поради технички причини, но главно поради безбедносни мерки, да биде интегриран во системот за противракетна одбрана на НАТО“, истакна Павел.

Тој вели дека доколку Турција „при целосно разбирање на последиците“ сè уште е решена да ги купи системите С-400, тоа е нејзина „национална одлука“.

На 12 септември турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган наведе дека Анкара потпишала со Москва договор за купување на системи С-400.

XS
SM
MD
LG