Достапни линкови

Путин и Штајнмаер разговарале за украинската криза


Претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер со неговиот руски колега Владимир Путин во Москва, 25.10.2017.

Претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер изјави по разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин во Москва дека двете земји треба да направат напори за повторно да изградат „минимум доверба“. Двајцата претседатели разговарале за економските врски, но и за конфликтот во Украина, наведуваат светските агенции. Односите меѓу Москва и Западот се затегнати поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка на бунтовниците во источна Украина.

XS
SM
MD
LG