Достапни линкови

Претседателот Иванов ја продолжува посетата на Брисел


Претседателот Ѓорге Иванов во Брисел се сретна со првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск, 25.10.2017.

Претседателот на Македоија Ѓорге Иванов кој престојува во дводневна работна посета на Брисел, денеска ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност во рамки на форумот Кран Монтана. За денеска е предвидена и негова средба со Дидие Рејндерс, вицепремиер и министер за надворешни работи и европски прашања на Белгија. Претседателот Ѓорге Иванов вчера во Брисел се сретна со првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск, на која побара нов импулс и испраќање позитивна порака за деблокада на интеграцијата на Македонија во Европската унија и почеток на пристапните преговори за членство.

XS
SM
MD
LG